Дома Фудбал Англија Коста ја исполни целата, па му испрати порака на Конте

Коста ја исполни целата, па му испрати порака на Конте

Диего Коста наскоро и официјално ќе стане нов играч на Атлетико Мадрид, отако двата клуба вчера ги договорија сите детали од трансферот.

Репрезентативецот на Шпанија после три години го напушта Челзи и се враќа во Атлетико Мадрид, каде ќе има можност да настапува од јануари 2018 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Коста на крајот на минатата сезона беше „отпишан“ од менаџерот на „сините“ Антонио Конте и тоа преку СМС порака, што многу го налути 28-годишниот напаѓач.

Откако му се исполни желбата да се врати во Аткетико Мадрид, Коста испрати порака и ги поздрави навивачите на Челзи.

„Јас и Конте немаме што да решаваме. Не сум лут на никого и немам лошо мислење за никого. Се е во најдобар ред“, истакна Коста и додаде:

„Сите знаат колку ги сакам навивачите на Челзи. Засекогаш ќе останат во моето срце“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо ќе седне на една од овие три клупи

Во Шпанија уште не се „смири земјата“ по одлуката на челниците на Реал Мадрид да му дадат …