Дома Трансфер зона Европскиот вицешампион останува без уште една ѕвезда: Лаутаро Мартинез го напушта Интер во спектакуларен трансфер?

Европскиот вицешампион останува без уште една ѕвезда: Лаутаро Мартинез го напушта Интер во спектакуларен трансфер?

На изненадување на многумина, Интер минатата сезона влезе во финалето на Лигата на шампионите, но тимот што toa го постигна полека се распаѓа. Би можел да го напушти и најдобриот играч Лаутаро Мартинез.

Не стигна до Скудетото, но Интер минатата сезона ги одбрани трофеите во Купот и Суперкупот на Италија.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Беше на чекор до четвртата титула европски првак, но беше поразен од Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите.

Тимот полека почна да се распаѓа. Еден од клучните играчи Един Џеко го напушти клубот и замина во Фенербахче, а се споменува дека по само една сезона би можел да замине и голманот Андре Онана.

Денеска странските медиуми ја пренесуваат веста дека најдобриот фудбалер, аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез би можел да го напушти клубот.

Имено, Реал Мадрид прави се за да го доведе Килијан Мбапе од ПСЖ во своите редови, но доколку не успее во тој план, напаѓачот на Интер е резервната опција.

Флорентино Перез е очаен за добра напаѓачка опција откако Карим Бензема замина во Саудиска Арабија и таму потпиша за Ал-Итихад.

Наводно, контакт меѓу челниците на Реал Мадрид и Интер веќе постои, а наскоро треба да има средба, која би го означила почетокот на преговорите меѓу двете страни.

Лаутаро Мартинез има договор со Интер до летото 2026 година и цената сигурно би била висока, но јасно е дека парите не се проблем за Реал Мадрид кога навистина сака некого.

Аргентинецот пристигна во Интер во 2018 година од Расинг Клуб за 25 милиони евра, а со овој тим го освои Скудетото, како и Купот на Италија и италијанскиот Суперкуп два пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…