Раководството на Барселона, како и тренерот на оваа екипа, Чави, се многу незадоволни од однесувањето на двајца играчи на овој тим бидејќи не сакаат да си заминат, иако јасно им беше кажано дека не се во планови за следната сезона.
Имено, Барселона потврди дека нивно ново засилување е довчерашниот капитен на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, а наскоро се очекува и потписот на Иниго Мартинез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, двајцата нема да можат да бидат регистрирани додека Барселона не се ослободи од некои играчи, а тоа очигледно не оди според планот.
Според новинарите на шпанскиот АС, двајца играчи одбиле да бараат нов клуб, а тоа се Ансо Фати и Феран Торес.
Наводно, Чави јасно им рекол на Фати, Торес и Франк Кеси да бараат нов клуб и дека не се во плановите на Барселона.
Кеси тоа го прифатил, но тоа не е случај со Фати и Торес кои не сакаат да ја напуштат Барселона.
Торес потпиша нов договор со Барселона до 2027 година, но откупната клаузула од 60 милиони евра создава голем проблем при продажбата.
Тој не е стартер за Чави, но и тоа не му пречи бидејќи не сака да оди во друг клуб. Слична е ситуацијата и со Фати.
Од овој млад фудбалер се очекуваше многу, но повредите го спречија да направи големи работи во дресот на Барселона.
За него одреден интерес покажаа од Англија, најмногу од Вулверхемптон, но тој нема преголема желба да ја напушти Барселона.