Дома Топ вести Лунин го расипа можниот трансфер на Димитриевски во Реал Мадрид

Лунин го расипа можниот трансфер на Димитриевски во Реал Мадрид

Иако во последните денови се најавуваше дека би можел да се реализира, како што стојат работите сега, нема да има ништо од трансферот на Столе Димитриевски во Реал Мадрид.

Мадритските медиуми пренесуваат дека Украинецот, Андреј Лунин донел одлука да остане во редовите на „кралевите“, па така Реал нема да бара нов голман.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Претходно според она што го објави „АС“ Лунин им најавил на луѓето од клубот дека ќе замине за да има поголема минутажа, меѓутоа подоцна се премислил и ќе продолжи да му биде резерва на Тибо Куртоа.

Димитриевски беше на врвот на листата желба на Реал Мадрид заедно со Давид Сорија од Гетафе. Пред две години Димитриевски се поврзуваше и со преселба во Барселона, а тогаш тој трансфер пропадна затоа што Бразилецот Нето одлучи да не замине од Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…