Дома Останати Тенис Алкараз го симна Ѓоковиќ од врвот на АТП листата

Алкараз го симна Ѓоковиќ од врвот на АТП листата

Карлос Алкараз ја започна својата 26-та недела на чело на АТП листата. Со победата на турнирот во Квинс, Алкараз го престигна Ѓоковиќ од кого сега има 80 бодови повеќе.

Ова е шести пат годинава Карлос и Новак да се сменат на чело на листата, уште од 1993 година немало толку промени на врвот во првата половина од годината.

„Моите шанси на Вимблдон не се менуваат многу. Новак ќе биде таму, но се чувствувам подобро од почетокот на неделата, тоа е очигледно. Првото место ми дава дополнителна самодоверба“, изјави Алкараз.

Во топ 10 имаше само уште една промена – Јаник Синер и Тејлор Фриц ги заменија местата и сега Италијанецот е осми, а Американецот деветти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос одработи скратена суспензија за скандалот со допинг!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос прифати и одработи скратена суспензија од еден месец пора…