Дома Фудбал Англија Британските медиуми пренесуваат: Фудбалерот на Челзи доживеал сообраќајна несреќа

Британските медиуми пренесуваат: Фудбалерот на Челзи доживеал сообраќајна несреќа

Како што пренесуваат медиумите на Островот, фудбалерот на „Плавите“ бил учесник во сообраќајна несреќа во близина на тренинг центарот на лондонскиот тим.

Новиот член на Челзи, Бакајоко имал сообраќајна несреќа во близина на тренинг центарот. Несреќата се случила во попладневните часови, кога некогашниот фудбалер на Монако го напуштал тренинг комплексот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Францускиот фудбалер на сета среќа имал помала сообраќајка, па е само испратен дома на одморање.

Не доживеал никаква тешка повреда, се наведе дека претрпел повреда на главата, но таквите тврдења се отфрлени од страна на претставник на актуелниот англиски шампион.

Бакајоко по програмата ќе продолжи со тренинзите и се очекува да биде во составот на „Плавите“ веќе овој викенд.

Бакајоко ова лето пристигна во Челзи од Монако, а досега запиша шест настапи, во ЛШ постигна еден погодок и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…