Дома Фудбал Останато Oфицијално: Брендан Роџерс има нов клуб!

Oфицијално: Брендан Роџерс има нов клуб!

Oткако Постекоглу се пресели на клупата на Тотенхем тимот на Селтик брзо пронајде нов стратег, тригодишен договор со шкотскиот гигант потпиша Брендан Роџерс.

За поранешниот тренер на Ливерпул и Лестер ова е враќање во клубот со кој во првиот мандат имаше голем успех и освои дури седум трофеи. Од Селтик, Роџерс си замина во текот на сезоната 2018/2019 и потпиша за Лестер.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Лестер го водеше неколку сезони, но во изминатата доби отказ поради лошите резултат. Лестер не успеа да ја поправи формата ни по неговото заминување, па наредната сезона ќе игра во Чемпионшип.

„Навистина сум среќен што се враќам во Селтик, добив можност да се вратам во голем клуб и не размислував многу, ниту јас, ниту членовите на моето семејство. Уживавме во прекрасните моменти од првата заедничка авантура“, изјави Роџерс по потпишувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот Лусио објави слика од болницата, 18% од телото му е со изгореници (Фото)

Лусиo доби второстепени изгореници по несреќа со еколошки камин. Неговото семејство го пре…