Дома Тенис Ѓоковиќ откри кога се враќа на терените!

Ѓоковиќ откри кога се враќа на терените!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека новата сезона ќе ја започне на првиот Грен слем, отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

„Ќе ја почнам сезоната во Австралија, засега редовно тренирам“, изјави Ѓоковиќ.

Изминатите три години Ѓоковиќ сезоната ја започнуваше на турнирот во Доха од Серијата 250. На трите последни настапи тој двапати победи во Доха, а на почетокот на годината во овој град ја прекина импресивната серија на Енди Мареј од 28 победи по ред.

Српскиот тенисер, кој поради повреда уште во јули ја заврши сезоната, потврди дека процесот на рехабилитација оди според предвиденото и дека не сака да брза со враќање на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…