Европската фудбалска унија (УЕФА) го објави идеалниот тим во Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.
Tитулата европски првак ја освои Манчестер Сити совладувајќи го Интер со 1:0 во финалето во Истанбул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмногу играчи во идеалниот тим доаѓаат, токму од Сити, дури седум, додека местото меѓу најдобрите 11 го заземаа по двајца играчи на Интер и Реал Мадрид.
Идеален тим:
Голман: Тибо Куртоа (Реал Мадрид)
Одбрана: Кајл Вокер (Манчестер Сити), Рубен Диас (Манчестер Сити), Алесандро Бастони (Интер), Федерико Димарко (Интер)
Среден ред: Кевин Де Брујн (Манчестер Сити), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Родри (Манчестер Сити), Бернардо Силва (Манчестер Сити)
Напад: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Винисиус Јуниор (Реал Мадрид)