Во минатото Ник Кирјос беше голем критичар и противник на она што го правеше Ѓоковиќ, но со тек на времето тоа се промени.
Кирјос беше еден од ретките кои јавно застана во одбрана на Ѓоковиќ кога српскиот тенисер се соочуваше со проблеми на Австралија Опен поради одбивањето да се вакцинира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега помеѓу Кирјос и Ѓоковиќ владее голема почит и двајцата тоа не го кријат. Ѓоковиќ вчера стана тенисерот со најмногу грен-слем титули во историјата, а Кирјос не заборави да му честита и тоа го направи на интересен начин.
„Честитки Новак. Од денот кога бараше совети за игра на земја, до освојување на Ролан Гарос. Горд сум на тебе пријателе и секогаш сум тука за тебе, те сака тренерот Кријос“, објави Австралиецот.
Ѓоковиќ набрзо му возврати:
„Истото важи и за тебе, ако ти треба некој совет за на трева, тука сум…“.