Дома Македонски спорт Мак баскет Некогаш се радуваше на фотографија со Војдан и Дамјан, а сега заедно со нив славеше титула!

Некогаш се радуваше на фотографија со Војдан и Дамјан, а сега заедно со нив славеше титула!

Андреј Андоновски кој со МЗТ скопје ја освои шампионската титула е пример како со напорна работа, труд и многу пот може да се оствари детскиот сон.

Андоновски некогаш се радуваше на фотографии со Војдан и Дамјан, а оваа сезона рамноправно прослави титула со македонските кошаркарски легенди. Секако дека е пресреќен што детскиот сон му се остварил, а тоа и не го крие.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„На седмо небо сум, бидејќи освоив титула со тимот за кој навивам цел живот. Ова е награда за сиот труд вложен изминатава сезона. Секој аеродромец живее за успесите на МЗТ, а, оваа титула ми е послатка од сите претходно бидејќи и самиот имав придонес во нејзиното освојување.

Уште како мал сонував дека еден еден ќе играм како Дамјан и Војдан Стојановски чии мајстории на паркетот прво ме ‘примораа’ уште повеќе да ја засакам кошарката, а потоа и да тренирам напорно за барем приближно да бидам како нив.

Да се игра крај нив, па згора на тоа да се освои титула заедно со нив е нешто неверојатно. Чест ми е што можам да ги наречам соиграчи од кои секојдневно учам и поради кои сум подобар кошаркар. Од фотографијата со Војдан мина една деценија во која со напорна работа стигнав до дресот на тимот за кој навивам.

По десет години, пак, се гледам како лидер на МЗТ во европски натпреварувања и како стандарден репрезентативец на Македонија, што верувам дека со напорна работа и ќе го остварам.“, изјави Андоновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …