Maкедонскиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ зад себе има фантастична сезона во дресот на Уникс Казан и според последните информации неколку понуди веќе пристигнале на адреса на нашиот репрезентативец.
За Димитриејевиќ интерес покажале повеќе европски гиганти кои се борат за највисока пласман во Евролигата. Наводно, за услугите на Димитријевиќ се распрашувале Баерн Минхен, Басконија, Фенербахче, Партизан и Зенит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нено е еден од најважните играчи на Уникс кој сигурно ќе се сака да го задржи во своите редови. Токму Македонец беше најзаслужниот што Уникс ја освои титулата во ВТБ лигата, во финалната серија го доби и МВП признанието.
Во редовите на Уникс, Димитријевиќ пристигна како позајмен играч од Валенсија и тој негов потег се покажа како одличен затоа што забележа голем напредок и на овој тим му ја донесе првата титула во историјата.
На 33 натпревари Димитријевиќ во просек постигнуваше по 8.4 поени и 3.9 асистенции по натпревар.