Дома Македонски спорт Чурлинов не е во составот на Македонија поради сепса

Чурлинов не е во составот на Македонија поради сепса

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов не е во комбинација за натпреварите со Украина и Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговото отсуство за разлика од она на Миовски кој беше познато дека е повреден беше изненадување. Чурлинов во овие моменти се наоѓа на Клиничкиот центар во Белград поради сепса и во овој момент состојбата не била јасна ниту на докторите.

„Чурлинов се наоѓа во болница во Белград. Засега нема јасен одговор околу ситуацијата, имал внатрешно труење и не се знае дали е последица од проблеми со заб или анестезија.

Познато е дека тоа резултирало со труење на крвата, сепса. Се надевам дека најлошото е зад него. Верувам дека набрзо ќе излезе од болница и се ќе биде во ред“, изјави Милевски.

Македонија на 16-ти јуни ќе игра дома против Украина, додека три дена подоцна ќе гостуваме на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…