Дома Фудбал Англија Проблем за Тен Хаг: Манчестер Јунајтед ослабен во финалето против Сити

Проблем за Тен Хаг: Манчестер Јунајтед ослабен во финалето против Сити

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал нема да игра во финалето од ФА Купот против Манчестер Сити откако заработил повреда на тетивата, потврди клубот од „Олд Трафорд“.

Францускиот напаѓач се повредил пред три дена во натпреварот од последното коло во Премиер лигата против Фулам (2:1).

„Дополнителните прегледи покажаа дека Марсијал се здобил со кинење на тетивата поради што нема да игра на „Вембли““, соопшти Јунајтед.

Офанзивецот сезонава одигра 29 натпревари и постигна девет голови во сите натпреварувања.

Јунајтед сезоната во Премиер лигата ја заврши на третото место на табелата со 75 освоени бодови. Во февруари „црвените ѓаволИ“ го освоија Лига Купот.

Финалето во ФА Купот ќе биде одиграно на 3-ти јуни на „Вембли“ во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…