Дома Фудбал Италија Спалети потврди: Заминувам бидејќи сум уморен

Спалети потврди: Заминувам бидејќи сум уморен

После претсдателот Де Лаурентис, сега и самиот Лучијано Спалети го потврди заминувањето од Наполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спалети после 33 години му го донесе Скудетото на Наполи, па веста за неговото заминување беше големо изненадување.

Сега Спелети ги откри мотивите поради кои одлучил да си замине од кормилото на Наполи.

„Понекогаш се разделувате од некого поради преголема љубов. Не постои шанса да го сменам мислењето. Во овој момент не сум во можност да му дадам се на Наполи, кој го заслужува најдоброто, а тоа во моментов не сум јас. Уморен сум и ми треба одмор. Сакам малку да се исклучам од се. Одам на едногодишен одмор, никого нема да тренирам. Уште пред неколку недели им кажав во клубот дека ми треба една година да одморам“, истакна Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Данскиот селектор откри како реагирал откако се онесвести Ериксен

Додека играчите се собираа околу Кристијан Ериксен, данскиот селектор Бриан Ример за само …