Дома Фудбал Италија Се е договорено: Позната откупната клазула на Леао во договорот со Милан

Се е договорено: Позната откупната клазула на Леао во договорот со Милан

Се е договорено – Рафаел Леао ќе потпише нов договор со Милан.

Најдобриот фудбалер на „росонерите“ ќе остане во тимот на Стефано Пиоли до 2028 година, а сега само се чека вистинскиот момент за соработката да се официјализира.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Португалскиот офанзивец според новиот договор ќе заработува дури седум милиони евра годишно, за разлика од сегашните 1.5 милион евра.

Клубот од „Сан Сиро“ одредил и откупна клазула за продажба на 23-годишниот Португалец и таа изнесува 170 милиони евра. Клазулата би можела да порасне за пет милиони евра со одредени услови.

Претходно, Милан имаше обврска да го пушти Леао за 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешниот ас го советува Слот: Ќе те отпуштат поради Салах!

Салах повторно е на тапет, овој пат од уште еден голем играч на Ливерпул, Дитмар Хаман. Ег…