Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека атрактивната бразилска пејачка Анита ќе настапи во текот на финалето во Лигата на шампионите.
Анита на 10-ти јуни во Истанбул публиката на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Интер ќе ја забавува заедно со музичарот Бурн Бој.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилката минатата година го имаше својот хит „Enolver“ со кој достигна голема популарност.
„Навистина ми е драго што можам да ви ја соопштам оваа вест и едвај чекам да се појавам во текот на финалето. Се надевам дека ќе пужиме одлична претстава на гледачите ширум светот. Немојте тоа да го пропуштите“, порача Анита.
Бразилката има 30 години и првиот успех го постигна уште во 2013 година кога се појави во една музичка шоу програма во својата земја. Со текот на времето успеа да стане популарна и надвор од Јужна Африка.