Дома Фудбал Франција Катарците од ПСЖ ќе ја спасуваат Сампдорија?

Катарците од ПСЖ ќе ја спасуваат Сампдорија?

Газдите на Манчестер Сити имаат повеќе клубови низ светот, а такво нешто се развива и во Париз.

Моделот на Сити засега гункционира, а Катарската инвестициска група предводена од Насер Ал Келаифи ќе се обиде да направи нешто слично. Засега тие имаат 21% од акциите на Брага, а следна цел е да откупат половина од акциите на Малага во Шпанија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сега во медиумите се најавува и дека ќе ја преземат Сампдорија која сезонава испадна од Серија А и следната сезона клубот треба да се натпреварува во Серија Б.

Меѓутоа по испаѓањето Сампдорија се соочи со тешка финансика криза и сопственикот Масимо Фереро ќе се обиде да го продаде клубот за да не дојде до банкрот. Според информациите засега сопствениците на ПСЖ се најсериозен кандидат.

Низ медиумите се шпекулира дека се заинтересирани и за купување на бразилски Сантос и клуб од Белгија на кој засега не му се открива името.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Срамен потег на Сане: Ја згрози јавноста со тоа што го направи пред натпреварот во ЛШ! (видео)

Ѕвездата на Галатасарај беше фатена во непријатна ситуација за време на химната на Лигата …