Еден од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ доби на подарок дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Му го подари Горан Кипријановски, кој е познат и како спортски амбасадор на Македонија кој често на познати странски личности им подарува дресови од македонските репрезентации.
Ѓоковиќ се подготвува за „Ролан Гарос“, а никогаш не ги криел своите симпатии кон Македонија, каде има многу фанови.
