Дома Фудбал Италија „Архитектот“ на шампионскиот Наполи се сели во Јувентус

„Архитектот“ на шампионскиот Наполи се сели во Јувентус

Спортскиот директор на Наполи, Кристиано Џинтуоли на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Џинтуоли сосема извесно ќе се пресели во Јувентус, кој е во потрага по нов спортски директор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џунтоли е „архитект“ на овој шампионски тим на Наполи, кој го освои Скудетото после 33 години. Тој е најзаслужен за трансфери како Виктор Осимен, Квича Кварацхелија и Ким Мин Јае.

„Газета дело Спорт“ објави дека Џунтоли ги договорил условите со Јувентус и се согласил да потпише петгодишен договор со плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Јувентус ќе мора да плати отштета за Џунтоли бидејќи тој имаше договор на уште една година со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Белингам ги избра најдобрите двајца фудбалери со кои играл

Реал Мадрид пред почетокот на сезоната во рекорден трансфер од 103 милиони евра во своите …