Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Леверкузен

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Леверкузен

Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за ѕвездата на Баер Леверкузен, Муса Диаби.

23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Французинот во досегашниот дел од сезоната има 14 гола и 11 асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара повеќе од 70 милиони евра.

Тен Хаг смета дека Диаби би бил идеално засилување за неговиот напад, но ќе треба да ја победи конкуренцијата.

Имено, за Французинот силен интерес покажуваат уште ПСЖ, Арсенал и Њукасл, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…