Дома Фудбал Англија Чекаа две децении на ваков успех: Њукасл се врати во Лигата на шампионите!

Чекаа две децении на ваков успех: Њукасл се врати во Лигата на шампионите!

Њукасл и Лестер вчера одигра без голови, а тој бод беше доволен за домаќините и математички да го обезбедат местото во Лигата на шампионите наредната сезона.

Пред последното коло Њукасл сега има четири бода предност во однос Ливерпул кој се уште има некои мали шанси за место во топ четири, но ако се случи тоа би било на местото на Манчестер Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Њукасл последен пат во Лигата на шампионите играше во сезоната 2002/2003, тогаш беше во група со Јувентус, Динамо Киев и Феенорд.

Од друга страна поранешниот англиски шампион Лестер е пред испаѓање од Премиер лигата и ако Евертон го победи Борнмут во последното коло „лисиците“ дефинитивно се селат во понизок ранг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oбезбедена е до крајот на животот: Еве колку ќе треба Роналдо да плати на Георгина, ако ја остави

Кристијано Роналдо ја побара за жена Георгина Родригез, која во случај на развод ќе добива…