Дома Македонски спорт Најдобрата македонска тенисерка ќе игра за титулата во Куршумлиска Бања!

Најдобрата македонска тенисерка ќе игра за титулата во Куршумлиска Бања!

Лина Ѓорческа доминантно обезбеди место во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања и утре ќе игра за освојувањето на титулата.

Најдобрата македонска тенисерка денес убедливо ја совлада Кристина Дину со 2:0 во сетови. Ѓорческа од самиот почеток ја најави победата, а првиот сет го освои со 6:4. Во вториот сет заигра уште подобро и на Романката и дозволи да освои само два гема (6:2).

Веќе е познато дека во битката за титула во финалето Ѓорческа ќе се сретне со руската тенисерка, Јулија Адеева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Од 1:2 до победа: Наковски го запре и победничкиот поход на Газели

Наковски волеј со пресврт во Скопје славеше со 3:2 над Газели и остана единствен без пораз…