Лампард во разговор со англиските медиуми откри дека сакал да го доведе Ерлинг Халанд во Челзи уште во 2019 година.
Халанд игра фантастична сезона во Манчестер Сити, постигна до сега 52 гола и е извран за најдобар фудбалер во Премиер лигата.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Лампард сакал да го доведе Халанд на „Стенфорд Бриџ“ уште кога играше за Салцбург, но за жал на Челзи трансферот не се реализираше.
„Сакав да го донесам во Челзи. Сакам да гледам фудбалери кои се гладни за успех. Од наша страна, се обидов да го донесам, но не знам дали апетитот беше ист и на друго место. Конкуренцијата беше голема, мислам дека имаше откупна клаузула која беше разумна. Не ги знам деталите. Не знам дали ќе одлучеше да дојде кај нас“, изјави Лампард.