Дома Фудбал Прво промашуваше, па постигна хет-трик за ОСУМ минути – Симоне Заза!

Прво промашуваше, па постигна хет-трик за ОСУМ минути – Симоне Заза!

Се посрамоти па постигна хет-трик, Заза одличен, Валенсија ја „наполни“ мрежата на Малага, вака веројатно најдобро може да се опише деншниот натпревар на Валенсија.

Eкипата на Валенсија после трите нерешени средби во низа запиша убедлива победа над Малага, а еден од најзаслужните за оваа победа беше Симоне Заза кој во овој натпревар успеа да постигне хет-трик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серијата голови за домаќините ја отвори Мина во 17 минута и тоа беше единствениот погодок во првиот дел во кој Симоне Заза пропушти одлична прилика да се запише во листата на стрелците.

Но, затоа Заза се разбуди во вториот дел и во период од осум минути успеа да постигне три погодоци, од 55 до 63 минута. За конечните 5:0 се погрижи Родриго во 86 минута од средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…