Баерн поведе во Гелзенкирхен во средбата од петтото коло во германската Бундеслига и тоа првенствено благодарение на видео техонолигијата.
Се играше 23. минута кога Хамес Родригез од левата страна ја погоди раката на Налдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хамес Родригез погоди во неговата рака, а судијата најпрво покажа на корнер, но асистентот од кабината сугерираа дека сепак се работи за пенал, па главниот арбитар ја промени својата одлука.
Роберт Левандовски беше сигурен од белата точка и Баварците заслужено го презедоа водството, додека за 2:0 беше прецизен Родригез на полувреме.