Денес во фокусот ќе биде реванш полуфиналниот дуел во Лигата на шампиони каде ќе биде познат вториот финалист кој ќе му се спротистави на Интер во финалето.
После првиот меч на „Сантиаго Бернабеу“ кој заврши реми 1:1, практично се почнува од „нула“ во Манчестер, а Сити има мала предност поради домашниот терен и е благ фаворит.
Сити во фантастична форма
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити во првиот дуел се спаси од пораз во Мадрид и сега е многу поблиску до остварување на целта и пласман во финалето. Не е тајна дека главна цел на Манчестер Сити и оваа сезона е трофејот во Лигата на шампиони. Иако веќе неколку години со ред важи како фаворит во најелитното натпреварување, сепак Гвардиола никако да го направи конечниот чекор. За разлика од претходната година сега Сити во тимот го има Халанд, кој е најдобар стрелец во Европа и сигурно голема предност за англискиот тим. Тоа не се виде во првиот меч каде Норвежанецот беше целосно неурализиран. „Граѓаните“ се во одлична форма и атмосферата во тимот е фантастична бидејќи се на чекор до нова титула во Премиер лигата. Гвардиола знае дека Реал никогаш не треба да се потценува, но на домашен терен овој тим е фаворит против секого.
Може ли Реал до ново финале?
„Кралевите“ повторно се аутсајдери против „граѓаните“ според букмејкерите, но Реал никогаш не треба да се потцени во завршницата на ЛШ. Тоа најдобро го покажа фактот минатата сезона кога се извлече од бездна, а на крајот го крена трофејот. Тимот на Анчелоти во првиот дуел одигра одлично и не му дозволи на Сити да ја игра својата игра, притоа целосно го неутрализира Халанд, кој важеше за најголема опасност. Анчелоти е тренер кој фантастично ги води своите тимови во завршницата, а тоа го покажа многу пати до сега. Реал во осминафиналето лесно се справи со Ливерпул и запиша две победи, а потоа во четвртфинале без поголеми проблеми се справи со Челзи. После ремито во Мадрид секако дека ќе им биде потешко да се изборат за финале, но Реал е полн со искусни играчи кои имаат многу вакви натпревари и токму искуството може да биде пресудно. За разлика од првиот меч сега Анчелоти на располгаѓање ќе го има Милитао, кој се очекува да биде во стартниот тим.
Очекување
Сити е во мала предност поради домашниот терен, но Реал има квалитет и искуство. Со оглад на фактот дека двата тима имаат атомски напади очекуваме голови на двете страни.
Можни состави:
Манчестер Сити: Едерсон, Аканжи, Дијаз, Стоунс, Вокер, Грилиш, Родри, Гундоган, Де Брујне, Бернардо Силва, Халанд.
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Рудигер, Милитао Алаба, Камавинга, Крос, Модриќ, Валверде, Винисиус, Бензема.