Дома Фудбал Италија Крај на една ера: Бонучи се пензионира на крајот од сезоната

Крај на една ера: Бонучи се пензионира на крајот од сезоната

Леонардо Бонучи објави дека по завршувањето на тековната сезона ќе ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Италијанскиот дефанзивец се надева дека пред пензионирањето ќе успее да ја освои Лигата на Европа каде што Јувентус веќе е во полуфиналето. „Старата дама“ утре ја очекува реваншот во полуфиналето откако првиот натпревар заврши без победник 1:1.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога ќе престанам да играм следната година тоа ќе биде крај на една дефанзивна ера“, изјави 36-годишниот стопер. Изјавата на Бонучи се однесува на крај на славната одбрана на Јувентус со него, Киелини и Брзаљи, додека на голот беше Буфон.

Бонучи дебитираше во професионалниот фудбал во 2006 година како играч на Интер, а во Јувентус дојде преку Тревисо, Писа, Џанова и Бари. За Јувентус игра од 2010 година со исклучок на сезоната 2017/2018 која ја помина во Милан. За репрезентацијата на Италија собра 120 натпревари и постигна осум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…