Дома Фудбал Англија Лутон дојде на чекор од Премиер лигата

Лутон дојде на чекор од Премиер лигата

Tимот на Лутон обезбеди пласман во финалето од плеј-офот во Премиер лигата откако на домашен терен беше подобар од Сандерленд со 2:0.

Головите за Лутоа во вчерашниот натпревар ги постигнаа Габриел Ошоа во 10-тата минута и Том Локиер пред крајот на првиот дел. Така Лутон ја надополни негатива од 1:0 во првиот натпревар.

На 27-ми мај за влез во Премиер лигата на „Вембли“ Лутон ќе игра против подобриот од второто полуфинале во кое играат Ковентри и Миделсброу, првиот меч заврши без победник 0:0.

Сезоната во Чемпионшип Лутон ја заврши како третопласиран зад Барнли и Шефилд Јунајтед кои изборија директна промоција во најелитната англиска конкуренција. Последен пат Лутон во Премиер лигата играше во сезоната 1991/1992.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…