Дома Луд Спорт Скандал во Франција: Фудбалер на Тулуз навреди политичарка

Скандал во Франција: Фудбалер на Тулуз навреди политичарка

Мароканскиот репрезентативец Закарија Абуклал се најде во центарот на вниманието на јавноста откако упати сексистички навреди кон политичарка во Франција, а потоа одби да игра на натпревар на денот на борбата против хомофобијата.

Абуклал, кој настапува за Тулуз, влезе во конфликт со советничката за спорт на градот, Лоренс Арибаж, додека фудбалскиот тим го прославуваше триумфот во Купот на Франција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


До инцидентот дојде кога тренерот на тимот, Филип Монтањ, држеше говор на свечениот прием. Неколкумина фудбалери беа гласни, по што Арибаж ги замоли да бидат потивки.

Тоа не му се допаднало на Абухлал, па и рекол: „Во мојата куќа жените не зборуваат така со мажите“.

„Поради сериозните обвинувања против фудбалерот на Тулуз, Закарие Абухлал, клубот соопштува дека играчот ќе тренира одвоено од тимот, додека не ги добиеме резултатите од внатрешната истрага“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…