Дома Фудбал Англија Артета по поразот на Арсенал: Го мразам ова чувство, мораме да анализираме

Артета по поразот на Арсенал: Го мразам ова чувство, мораме да анализираме

Aрсенал изгуби од Брајтон со 3:0 на домашен терен и така практично и да ги загуби шансите за титулата во Премиер лигата до која веројатно ќе стигне Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Разочаран по овој пораз секако беше тренерот Микел Артета кој ја презема одговорноста.

„Во овој момент чувствувам фрустрација, чувствувам како да се предадовме во второто полувреме, а се боревме толку многу за да бидеме во оваа позиција, требаше да гриземе и да го следиме нашиот сон. Многу работи мора да анализираме и да видиме за што воопшто е способен нашиот тим“.

„Она што го направи овој тим во претходните десет месеци е повеќе од очекувањата на било кој, меѓутоа тоа со себе носи и зголемени очекувања. Се создава ентузијазам, среќа и радост, чувство дека токму сега мораме да направиме нешто и со тоа треба да се избориме“.

„Го мразам ова чувства кога луѓето се изневерени и поради тоа најмногу се каам денес. Мораме да се извиниме. Моја работа е да го извлечам најдоброто од секого. Се обидов, но очигледно не успеав“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историски преседан на ФИФА: Мундијал во две години!

Светското првенство во Саудиска Арабија во 2034 година би можело да донесе историски пресе…