По најавата од италијанските медиуми дека Милан постигнал договор за обновување на соработката со Рафаел Леао, потврди и директорот на „росонерите“, Паоло Малдини.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Леао се договорил со Милан за нова соработка која би имала важност до јуни 2028 година. Тој би требало да добива плата од пет милиони евра, а со бонуси таа би достигнала и седум милиони евра. Покрај тоа Португалецот ќе добие и два милиони евра бонус за потписот.
Договорот пред новинарите по вчерашниот натпревар помеѓу Милан и Интер го потврди Малдини.
„Многу сме блиску. Договорени се и финалните детали. Не беше лесно, но успеавме“, изјави Малдини.