Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров по ждребот: Ќе се бориме да бидеме достојни на ракометните велесили!

Лазаров по ждребот: Ќе се бориме да бидеме достојни на ракометните велесили!

Селекторот Кирил Лазаров ја даде својата прва изјава по извлекувањето на групите за Еввропското првенство 2024 година.

Македонија немаше многу среќа и ќе мора да игра во тешка група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија. Лазаров е свесен за тоа во каква група играме, но не се откажува.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Добиме екстремно тешка група и ќе работиме напорно да го подигнеме нашето ниво во наредниот период, да можеме барем достојно да се бориме со светските велесили во ракометот. Би звучело нескромно да се биде оптимист во ваква група, но надежта не смее да се загуби.

Потребна е голема жртва и посветеност, создаваме нова компетитивна смена на генерации. Верувам во момците и очекувам да дојдат резултати од нашата работа“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…