Дома Фудбал „Бомба“ на „Франс Прес“: Готово е – Меси ќе игра за Ал Хилал!

„Бомба“ на „Франс Прес“: Готово е – Меси ќе игра за Ал Хилал!

Позната новинска агенција „Франс Прес“ (АФП) објави дека Лионел Меси следната сезона ќе го носи дресот на Ал Хилал.

Навивачите на Барселона се надеваа дека Меси ќе се врати на „Камп Ноу“, меѓутоа повикувајќи се на извор од Саудиска Арабија сега Французите тврдат дека Аргентинецот ја избрал богатата понуда од Ал Хилал.

„Лионел Меси од следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија, потврди извор близок на саудијците за АФП. Договорот е постигнат“, објави француската новинска агенција.

Станува збор за договор според кој Меси ќе заработува 300 милиони евра по сезона. Ова би значело и дека Роналдо и Меси повторно ќе ги гледаме во иста лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Животот без Меси почна со пораз: Уругвај ја замолкна „Бомбонера“

Аргентина загуби со 1:2 во првиот настап по заминувањето на Лионел Меси. Ниту разиграниот …