Дома Фудбал Франција ПСЖ не издржа до крај: Намалена казната за Меси

ПСЖ не издржа до крај: Намалена казната за Меси

Најавената двонеделена суспензија за Лионел Меси повеќе не важи и Аргентинецот денес тренираше со екипата на ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси не беше присутен на претходниот натпревар на „светците“ поради патувањето во Саудиска Арабија по поразот од Лориен.

Аргентинецот имаше едно чудно извинување преку социјалните мрежи во кое објасни дека мислел дека ќе добијат слободен ден како и вообичаено, па затоа договорил да отпатува во оваа земја како дел од обврските во договорот за промоција на земјата. Клубот затоа што Меси не се појавил на закажаниот тренинг.

Од клубот официјално не ја коментираа ситуација, меѓутоа Меси по седум дена од патувањето се врати на тренинзите.

Сепак и понатаму не е позната неговата судбина и би можел да го напушти Париз по завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …