Лионел Меси беше суспендиран од ПСЖ поради заминувањето во Саудиска Арабија, а таквиот потег на Аргентинецот донесе и незадоволство кај навивачите.
Навивачите искажаа револт и се собраа пред стадионот каде што го навредуваа. По ваквиот однос на фановите на „светците“ се огласи Роналдињо кој застана во одбрана на Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можам да разберам како можат да му свират на Меси. Ако му свират на најдобриот играч во светот, на кого ќе му аплаудираат?“, праша славниот Бразилец.
По него со интересен заклучок се огласи и шпански новинар.
„Не би сакал да бидам погрешно разбран, но менаџерите и сите во ПСЖ мораат да го почитуваат Меси. Неговите чорапи имаат поголема историја од ПСЖ. Бидете благодарни што заигра за ПСЖ“, изјави новинарот Кристобал Сорија.