Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров со порака: Добро ќе размислувам кого ќе повикувам во иднина во националниот дрес

Лазаров со порака: Добро ќе размислувам кого ќе повикувам во иднина во националниот дрес

Maкедонија денес ја победи Турција со 30:27 со што го потврдивме пласманот на Европското првенство во 2024 година.

Иако Македонија победи Лазаров сепак најави промени во иднината, порачувајќи дека добил визија плус за повиците во националниот дрес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Бевме фаворити на хартија, тоа сите го знаевме и бевме свесни. Но, Турција не беше иста, настапи со двајца-тројца играчи повеќе. Во изминатите денови бев нервозен, не бевме фокусирани и концентрирани. Мора да се сме спремни за борба против секого од почетокот до крајот.

Успеавме од минус четири да дојдеме до плус четири и ме радува пресвртот. Увидов некои работи, јас се обидувам да им дадам шанса на сите, но во иднина добро ќе размислам кого ќе повикам во националниот дрес. Има работи кои се повторуваат, ми се отворија очите, работите кои се повторуваат треба да се решаваат. Момците заслучуваат честитки, се изборија машки за победата. Не исто кога ќе завршите со победа или пораз“, изјави Лазаров.

Со пласманот на Европското првенство, Македонија го продолжи континуитетот да настапува на големите натпреварувања и повторно јануари ќе биде месец во кој ќе навиваме за Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…