Приоритет на Милан на крајот на сезоната ќе биде доведување на врвен напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.
Жиру е во поодминати години, Ориги не го оправда очекувањата, па Малдини сака да доведе млад и перскептивен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главна цел е младиот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид, исто така влезе во плановите на Малдини, но Канаѓанецот е многу скап и конкуренцијата за него е огромна.
Третото име на списокот е младиот напаѓач на Ајакс, Мохамед Кудус, кој игра уште една одлична сезона.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ на лето ќе имаат буџет од 50 милиони евра само нов напаѓач.