Дома Фудбал Италија „Џузепе Меаца“ со стоечки овации го поздрави „Гранде Пандев“ 🎥

„Џузепе Меаца“ со стоечки овации го поздрави „Гранде Пандев“ 🎥

Легендарниот македонски фудбалер, Горан Пандев денес беше гостин на својот поранешен клуб Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пандев беше со овации пречекан од навивачите на „Џузепе Меаца“ пред дербито помеѓу Интер и Лацио.

Пандев беше специјален гостин и доби подарок од клубот, како дел од генерацијата која ја освои тројната круна.

„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Се надевам дека Интер и со два добри натпревари против Милан ќе обезбеди финале во Лигата на шампионите“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…