Дома Топ вести Ричарлисон после лошата сезона прави трансфер од соништата

Ричарлисон после лошата сезона прави трансфер од соништата

Ричарлисон минатото лето пристигна во Тотенхем како големо засилување, но игра очајна сезона и до сега нема постигнато ниту еден гол во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Бразилецот после само една сезона може да го напушти Тотенхем и да се пресели во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека нова мета на „кралевите“ е бразилскиот напаѓач Ричарлисон, кого Анчелоти одлично го познава од времето кога соработуваа во Евертон.

Во Реал веруваат дека Ричарлисон може да биде наследник на Бензема и да формира одлично бразилско трио со Винисиус и Родриго.

Бензема и следната сезона ќе биде прв напаѓач на „кралевите“, а Ричарлисон може да биде негова алтернатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…