Дома Фудбал Англија Официјално: Падна важен потпис во Манчестер Јунајтед!

Официјално: Падна важен потпис во Манчестер Јунајтед!

Попладнево Манчестер Јунајтед потврди дека младиот талентиран фудбалер, Алехандро Гарначо потпишал нов договор со важност до јуни 2028 година.

Гарначо има само 18 години и за Манчестер Јунајтед собра 31 настап, па клубот не се двоумеше да му понуди нов договор.

„Со задоволство можеме да соопштиме дека Алеахандро Гарначо потпиша нов договор и ќе остане во клубот до 30-ти јуни 2028 година“, објавија „ѓаволите“.

Младиот фудбалер е пресреќен што има прилика да игра за Манчестер Јунајтед.

„Кога дојдов тука сонував да дебитирам, да играм на „Олд Трафорд, да постигнам гол…Многу сум горд и полн со емоции бидејќи овие моменти веќе ги искусив заедно со семејството кое ми даде поддршка“, изјави Гарначо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тадиќ и НЕК Најмеген извлекоа бод против Ајакс

Душан Тадиќ и неговиот тим НЕК Најмеген успеаја да извлечат реми против Ајакс во Амстердам…