Дома Останати Кошарка Обрадовиќ испрати порака до „Гробари“: Тоа што се случи во Мадрид, таму да заврши – да бидеме добри домаќини!

Обрадовиќ испрати порака до „Гробари“: Тоа што се случи во Мадрид, таму да заврши – да бидеме добри домаќини!

Вистински хаос настана на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Партизан, а по прекинот српскиот тим го доби натпреварот и поведе со 0:2 во серијата.

Поради хаосот кој го приредија Шпанците, се најавуваше можна одмазда од „гробари“ со гостувањето на Реал во вторник. Тренерот Жељко Обрадовиќ пред натпреварот испрати порака до навивачите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Што јас би сакал? Нашите навивачи кои ќе дојдат во Арената да знаат дека ова е дел од спортот и се случува. Каде што се случило таму треба да остане. Ние во Мадрид бевме одлично пречекани и така треба да возвратиме.

Ниту еден член на Реал не треба да се почувствува непријатно. Од Белград да испратиме убава слика, ќе го повторувам ова се до натпреварот. Треба пред натпреварот, а и потоа да зборуваме за кошарката“, порача Обрадовиќ.

Тој натпревар ќе биде прва меч топка за Партизан, ако не ја искористат втора шанса ќе имаат во четврток во четвртиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Joкиќ прв знаел што ќе се случува во Денвер: Ми кажаа, немаше дисксија

По победата на Денвер против Сакраменто, Никола Јокиќ сподели некои нови детали за отказот…