Лионел Меси во финишот на оваа сезона е пред важна одлука. Договорот со Пари Сен Жермен му истекува на крајот од сезоната и се погласно се зборува за негово враќање во Барселона.
Меси мораше да ја напушти Барселона поради финансиската ситуација, а сега Каталонците прават напори да овозможат тој да се врати. Сега интересна изјава на оваа тема даде легендарниот Марио Кемпес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот Аргентинец смета дека за Аргентина не е добро Меси да се врати во Барселона.
„За Меси не е здраво да се врати во Барселона, подобро е за него во Франција каде што мирно би го дочекал Светското првенство. Целите во Барселона се поинакви, тие се уште се градат по неговото заминување. Постојат премногу проблеми, можеби звучи себично, но за Аргентина е подобро во ПСЖ“, изјави Кемпес.