Своевремено, Марио Балотели важеше за еден од најголемите фудбалски таленти, но никогаш не го искористи својот потенцијал во целост.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Низ кариерата играше Балотели во клубови како Интер, Милан, Ливерпул и Манчестер Сити, меѓутоа впечатокот на јавноста е дека ќе беше многу повеќе успешен ако се посветеше на тренингот и спортскиот живот.
„Раиола секогаш ми зборуваше една работа: Ти си виновен што Меси и Роналдо имаат освоено толку Златни топки. И беше во право, многу често играв со 20% од моите можности“, изјави Балотели кој денес го носи дресот на Сион во Швајцарија.
Меси и Роналдо „Златната топка“ ја освојуваа дури 12 пати, Балотели никогаш не дојде ниту блиску до ова признание.