Дома Фудбал Англија Проблем за Барнли, обвинет за „местење“ натпревар

Проблем за Барнли, обвинет за „местење“ натпревар

Барнли каде настапува и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов, се соочува со големи проблеми и е под истрага на Англиската фудбалска асоцијација за местење натпревари.

Сомнителен е натпреварот помеѓу Барнли и Ридинг кој заврши 0-0, на кој Винсент Компани на теренот извади комбинирана екипа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барнли обезбеди промоција во Премиерлигата, па Компани реши да игра со комбиниран состав и да му даде шанса на играчи со мала минутажа.

Проблемот го посочи Хадерсфилд, тим кој се бори за опстанок заедно со Ридинг и е лут што Барнли му „подари“ бод на големиот ривал.

Според медиумите на Островот, Барнли би можел да биде казнет со голема парична казна, но и со губење на бодови, што може да го искомплицира враќањето на клубот во Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона купува напаѓач за 100.000 евра

Египетскиот 18-годишен напаѓач Хамза Абделкарим треба да стане нов член на Барселона, изве…