Дома Фудбал Италија Мурињо си ги препиша заслугите за добрити игри на Дибала

Мурињо си ги препиша заслугите за добрити игри на Дибала

Пауло Дибала минатото лето беше слободен агент и на крајот избра кариерата да ја продолжи во Рома.

Аргентинецот игра фантастична сезона, тој е вистински лидер на Рома, а синоќа помогна тимот да се пласира во полуфиналето од Лига Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мурињо смета дека Дибала игра добро бидејќи нашол радост на теренот и тренер кој го разбира.

„Дибала е одлично момче. Тој има квалитети да игра за најголемите клубови во светот, но ја најде радоста да игра тука. Му дадов апсолутна слобода во играта“.

„Моето чувство е дека тој сакаше повторно да ја најде радоста од играта на теренот која се чинеше дека му побегна. И мислам дека ги пронајде тука во Рома. Тој најде тренер кој го разбира, публика која го сака и простор на теренот да биде лидер со своите квалитети“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид се меша во трансферот и го попречува големиот договор на Манчестер Сити!?

Ова лето, Сити значително го засили својот играчки состав и имаат за цел да се вратат триу…