Дома Топ вести Гринвуд го напушта Манчестер Јунајтед и се сели во Серија А

Гринвуд го напушта Манчестер Јунајтед и се сели во Серија А

Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата бидејќи кралското обвинителство не нашло докази да го продолжи случајот и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.

Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а засега од „црвените ѓаволи“ не потврдуваат дали ќе биде вратен во составот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната.

Поради тоа Грунвуд на лето може да го раскине договорот со Јунајтед и да биде слободен агент, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан.

Италијанскиот гигант гледа шанса да го доведе големиот талент без обештетување на „Сан Сиро“ и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…