Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед потврди: Рашфорд е повреден

Манчестер Јунајтед потврди: Рашфорд е повреден

Најдобриот играч и стрелец на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе мора да паузира неколку натпревари, потврди денес од англискиот клуб.

Иако не е прецизирано колку точно ќе треба да мирува брилијантниот напаѓач, од Јунајтед тврдат дека тој ќе се врати „сезонава“ и ќе биде на располагање во „последните недели“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Извесно е дека Рашфорд ќе го пропушти двомечот со Севиља во четврт-финалето на Лига Европа, како и дуелот со Нотингем Форест викендов. Голем проблем за Тен Хаг ќе биде полуфиналето од ФА Купот со Брајтон на 23 април, кога исто така нема да може да смета на Рашфорд, како и тешкото гостување кај Тотенхем во Премиер лигата.

Доколку Јунајтед се пласира во полуфиналето на Лига Европа, големо прашање е дали Рашфорд ќе биде подготвен и за тие натпревари.

Тен Хаг верува во своите играчи од клупата, но сега ќе мора да скокнат во прв план и да го надополнат неговото отсуство, што нема да биде лесно. Рашфорд е најдобар стрелец тимот со 28 гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешен англиски репрезентативвец се откажа од својата ќерка кога дозна дека има „Онли Фенс“

Миа Винворд-Дан, 19-годишната Англичанка и ќерка на поранешниот англиски репрезентативец Д…