Дома Фудбал Лига на шампиони Италијанците најавуваат: Спалети со Елмас го напаѓа Милан во ЛШ!

Италијанците најавуваат: Спалети со Елмас го напаѓа Милан во ЛШ!

Виктор Осимен и дефинитивно нема да биде спремен да игра за Наполи на утрешниот натпревар против Милан, а ова веројатно значи дека македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе добие шанса од првата минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наполи ќе биде ослабен и ќе мора во овој прв натпревар од четвртфиналето во најелитното европско натпреварување да биде без својот прв стрелец. Осимен го пропушти и натпреварот против Милан во Серија А кој Наполи го загуби со 4:0, а не настапи ниту против Лече за викендот.

Италијанските медиуми најавуваат дека Спалети на местото на Осимен ќе игра Елмас кој би ја имал улогата на „лажна деветка“.

Елмас беше стартер и на гостувањето кај Лече, натпревар кој Наполи го доби со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…