Дома Фудбал Останато Во затворот Алвес го посетува само еден пријател

Во затворот Алвес го посетува само еден пријател

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес поминува сигурно низ неговите најтешки денови од животот во затворот во Шпанија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Алвес во затворот го чека судењето, а според каталонските медиуми Бразилецот е посетуван само од еден пријател.

На почетокот Алвес го посетувала сега веќе неговата екс-сопруга и мајката на неговите деца, потоа и во затворот дошла и поранешната партнерка која била со фудбалерот по тој настан. Но, тие посети престанале, единствен кој продолжил да го посетува Алвес е неговиот пријател Бруно Бразил.

Тој бил заедно со Алвес ноќта кога се случило наводното силување. Алвес бараше да се брани од слобода, но судот го отфрли тоа барање и според најавите може да заработи затворска казна од една до две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

МАРКА: Шест играчи на Реал во конфликт со Арбелоа, избегнуваат комуникација

Тешката сезона на Реал Мадрид продолжува со нови проблеми на нејзиниот крај. По долгата тр…